Едноставно / Брзо / Прецизно

Естетската медицина

Естетската медицина е гранка на модерната медицина која вклучува медицински водени третмани и процедури кои се користат за подобрување и одржување на изгледот на лицето. Водени од  идејата дека секој заслужува да чекори задоволен од својот физички изглед, нудиме широка палета на современи естетски процедури кои во нашата клиника се изведуваат од стручно обучени медицински професионалци  кои активно ги следат новите трендови во естетската лицева медицина, обезбедувајќи им на нашите пациенти најсовремен, безбеден и безболен третман.

После претходна консултација и преглед од нашите доктори, се одредува најсоодветниот третман за секој пациент од многубројните процедури кои ги нудиме:

-Хијалуронски филери се супстанции дизајнирани да се аплицираат под кожата со цел да додадат волумен или да го надополнат волуменот кој се губи како последица на стареењето. Филерите ја добиваат својата популарност бидејќи нудат долготрајно, нехируршко решение за решавање на длабоките брчки, губење на волуменот и  подобрување на контурите на лицето. Дермалните филери се користат за пополнување на усни, јагодици, назолабијални бори, коригирање на форма на нос, брада или виличен агол.

-Ботокс или ботулинум токсин тип А, се користи за времено опуштање на мускулите и за намалување на појавата на брчки и фини линии. Кога се инјектира во специфични мускули, ботоксот ги блокира нервните импулси кои предизвикуваат мускулни контракции. Ова резултира во времено опуштање на мускулите и намалување на видливоста на брчките. Ботоксот се користи најчесто за третман на брчки на челото, брчки околу очите и линии меѓу веѓите.

– Мезотерапија е медицинска процедура со која се инјектираат мезококтели со активни состојки во средниот слој на кожатата или мезодермот. На овој начин кожата се исхранува, длабински се хидрира и се стимулира синтезата на колаген и еластин, со цел да се подобри или зачува нејзината цврстина и еластичност. Во естетската медицина се користи за подмладување на кожата и забавување на процесот на стареење, како и за решавање на голем број дерматолошки состојби.