Едноставно / Брзо / Прецизно

Ортодонција

Ортодонцијата или дентофацијалната ортопедија е специјализирана гранка на стоматологијата која се занимава со дијагностицирање, превенција и третман на неправилна поставеност на забите и несоодветни односи помеѓу забите и вилиците. Целта на ортодонцијата е да се постигне правилен распоред на забите и хармоничен однос помеѓу вилиците за подобрување на функцијата на усната шуплина и естетиката на насмевката, како и целокупното здравје.

 

Бенефитите од ортодонтската терапија се многубројни:

– Подобро орално здравје: Правилно поставените заби се полесни за чистење и одржување, намалувајќи го ризикот од расипување на забите, болести на непцата и последиците од нив.

-Подобра функција на џвакање: Ортодонтскиот третман преку правилно поставување на забите и добивање нормална оклузија значајно го подобрува процесот на џвакање на храната и хранењето генерално

-Подобрена естетика: Една од примарните придобивки од ортодонтскиот третман е подобрување на изгледот на насмевката, а со тоа и значајно зголемување на самодовербата кај пациентот

-Подобрување на говорот: Корекција на положбата на забите и вилиците ја подобрува јасноста на говорот и артикулацијата на одредени звуци

– Превенција на дентална траума и превенција на абнормално губење и трошење на забна субстанца

– Ублажување на болката во вилицата и во темпоромандибуларниот зглоб предизвикани од поголемиот стрес на мускулите за џвакање кај неправилно поставени вилици и заби кој може да предизвика главоболки, болки во темпоромандибуларниот зглоб. во вратот, рамото, грбот.

 

Нашата клиника обезбедува третман на секаков вид ортодонтски аномалии кај деца и возрасни, почнувајќи од ран интерцептивен третман па се до најсофистицирани процедури кај комплексни случаи. Обезбедуваме индивидуален план на терапија за секој пациент, базиран на клинички испитувања и детални анализи на студио модели, ртг снимки и фотографии.

 

Ортодонтските неправилности, односно малоклузии ги третираме со различни апарати, соодветни за секој пациент

-Мобилни ортодонтски апарати (протези)

-Функционални апарати

-Фиксни апарати, кои можат да бидат класични (метални) или естетски (порцелански)

-Самолигирачки фиксни апарати

-Лингвални фиксни апарати

-Невидливи алајнери – високо естетска терапија со изработка на серија невидливи фолии