РТГ кабинет
Современа дијагностика за прецизни резултати
Во нашата стоматолошка клиника, дијагностиката ја поставуваме на највисоко ниво преку сопствен РТГ кабинет опремен со најсовремена технологија. Со 2Д дигитално радиографско снимање и 3Д CBCT (Cone Beam Computed Tomography), обезбедуваме целосна, брза и безбедна слика на вашето орално здравје.
- 2Д радиографија: идеална за детален преглед на забите, коскената структура и непцата
- 3Д ЦБЦТ: напредна тридимензионална дијагностика што овозможува прецизно планирање на имплантолошки зафати, хируршки интервенции и комплексни дијагнози
Дополнително, секоја наша стоматолошка единица е опремена со сопствен РТГ апарат, што ни овозможува да направиме брзи и точни дигитални снимки веднаш при прегледот, без непотребни одлагања.
Нашиот РТГ кабинет гарантира минимална радијациона експозиција, висока резолуција и точност, што овозможува безбедна и ефикасна дијагноза без потреба од дополнителни прегледи.