Едноставно / Брзо / Прецизно

Заботехничка лабораторија

Најсовремена дигитализирана лабораторија во склоп на нашиот стоматолошки центар

Во склоп на нашиот центар, работи најсовремена и целосно дигитализирана заботехничка лабораторија, која претставува врв во технологијата и квалитетот на изработка на протетски решенија. Нашата лабораторија е опремена со најнова генерација на CAD/CAM системи, дигитални скенери и автоматизирани машини што овозможуваат прецизност и брзина на изработка која ги надминува традиционалните методи.

Со тесна соработка помеѓу стоматолозите и нашите искусни техничари, секое решение се креира по мерка на пациентот, со максимална грижа за естетика, функционалност и долготрајност.

Нашите предности се:

  • Комплетна дигитална интеграција од почеток до крај на третманот
  • Кратки рокови на изработка без компромис на квалитет
  • Висока прецизност што овозможува совршена прилогадност и удобност
  • Користење на најквалитетни материјали од водечки светски производители
  • Строга контрола на квалитет во сите фази на производство

Во нашата заботехничка лабораторија, дигиталната технологија и човечкиот фактор се соединуваат за да ја создадат вашата совршена насмевка – брзо, сигурно и беспрекорно.